8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC ја загуби целата вредност на брендот

HTC ја загуби целата вредност на брендот

brend htc222

„HTC“ практично веќе е бренд без вредност. Вкупната пазарна капитализација на компанијата веќе е помала од парите со кои таа располага како достапност, објави агенцијата „Bloomberg“.

Тоа значи дека за инвеститорит во „HTC“, смартфоните на компанијата и сите нејзини фабрики се практично бескорисни. „Единствената вредност за инвеститорите веќе се само парите на HTC“, коментира Калвин Хуанг, аналитичар на „Sinopac Financial Holdings“. Хуанг очекува акциите да продолжат уште да се намалуваат, а само за оваа година нивниот пад е 60%.

Според него нема смисла другите средства на компанијата да се сметаат за вредни. Тој потсетува дека претстојат уште отписи во „HTC“.

„Брендот нема вредност“, завршува Хуанг.

Прогнозите се дека за третиот квартал компанијата повторно нема да одговори на очекувањата на инвеститорите, при тоа со многу сериозно разминување од 48%. Ова е уште полош удар по „HTC“ , веднаш по веста дека таа ги намалува и очекуваните приходи за 35%.

Аналитичарите не очекуваат „HTC“ да се врати на добивка барем до крајот на 2017-та година. Вкупната продажбата на компанијата се распадна за над 75% од достигнувањето на врвот во 2011-та година. „HTC“ планира да објави намалување на трошоците и фокус на смартфоните од висока класа, каде маржи се поголеми.

„Според нас не се вложуваат доволно големи напори за заживување на „HTC“. Таа има мали шанси да се бори со „iPhone“ и „Samsung“, особено со ограничените ресурси и може да продолжи да губи удел во однос на помалите кинески производители“, коментира Берди Лу, аналитичар на „Дојче банк“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП