19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota подготвува ривал на Qashqai

Toyota подготвува ривал на Qashqai

chr 33

„Toyota“ во 2016-та ќе претстави нов компактен кросовер кој на пазарот ќе треба да му конкурира на популарниот модел на „Nissan“, пишува „Autocar“.

При обликувањето на новиот модел, дизајнерите на јапонскиот производител ќе се угледаат на концептот „C-HR“ кој беше претставен на саемот за автомобили во Париз во 2014-та година.

Имено, компанијата спроведе истражување меѓу потенцијалните купувачи кои позитивно го оценија изгледот на овој концепт.

Нормално, треба да се очекува дека „Toyota“ ќе ги ублажи агресивните линии и ќе го прилагоди дизајнот за сериско производство. Автомобилот ќе биде поставен на новата модуларна платформа на овој производител која е еквивалент на механичката архитектура на „Volkswagen“ –  „MQB“.

Платформата која е најавена во март 2015-та ќе претставува основа за неколку модели од средна класа од компактни до нешто поголеми возила, во конфигурација со преден, заден и погон 4×4.

Новиот кросовер би требало да биде прикажан на авто-саемот во Женева во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП