4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостигнат договор за третиот пакет помош за Грција

Постигнат договор за третиот пакет помош за Грција

grcee

Атина и нејзините меѓународни кредитори, утрово постигнаа договор за третиот пакет на финансиска помош, со што Грција ќе избегне банкрот и ќе остане во еврозоната.

,,Договорот е постигнат. Моментално се преговара за некои ситни детали”, изјави неименуван претставник на Министерството за финансии, по маратонските преговори во текок на ноќта во Атина, пренесува Ројтерс.

Грчките официјални лица се надеваа дека ќе постигнат договор со доверителите, кој ќе биде доставен за усвојување во парламентот во Атина до 18-ти август.

Во преговорите учествуваа грчките министри за финансии и економија Еуклид Цакалотос и Јоргос Статакис и претставници на Европската централна банка, ММФ и Европскиот механизам за стабилизација.

На Атина и се брзаше да заврши со договорот за новата програма од околу 86 милијарди евра до вторник, за да ја добие првата транша до 20-ти август, кога се соочува со плаќање на долгот кон Европската централна банка.

Доколку нацрт меморандумот за разбирање и повторената анализа на одржливоста на грчкиот долг биде спремна по планот, се очекува грчката влада и парламентот да го одобри до четврток, со што ќе се отвори патот за состанок на министрите за финансии на еврозоната во петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП