10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle подготвува телефони под 50 долари

Google подготвува телефони под 50 долари

gu evtin

Проектот „Android One“ на „Google“ ќе биде откриен прво во Индија, објави „Financial Times“. Амбицијата е тој да нуди уште поевтини мобилни телефони.

Се чинеше дека „Android One“ беше заборавен, откако долго време интернет гигантот речиси не зборуваше за него. Тоа сепак беше само навидум, коментира Ражан Ананд, управен директор за Индија и Југоисточна Азија. Всушност „Google“ беше зафатен да го преработува проектот, бидејќи првичниот изглед не одговори на очекувањата и имаше проблеми во дистрибутивниот синџир, кои доведоа до недостиг на уреди.

Сето ова сега треба да е одлучено, а треба да бидат и воведени нови подобрувања во проектот. Минатата година тој започна со идејата да нуди паметни телефони под 100 долари. Според „Google“, сепак најголемата побарувачка во Индија е на телефони со цени меѓу 31 и 47 долари.

Според Ананд главната цел на „Google“ не е добивката.

„За нас Индија е многу, многу важна стратешки. Не сме заинтересирани за приходите, но сме тука претежно бидејќи по 10 години тука ќе има милијарда Индијци, кои ќе се онлајн, и тоа ќе направи сериозни промени во светската интернет економија“, коментира тој.

Затоа „Google“ работи на изградбата на присуство во земјата на неколку фронта. Освен со мобилни телефони компанијата се обидува да ги стимулира малите бизниси преку инвестициона програма која треба да ја изведе онлајн. Покрај тоа, постојат специјални лесни верзии на пребарувачот, картичките и „YouTube“, кои се лесно достапни при побавни интернет конекции, какви се уште преовладуваат во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП