Новиот „Ѕ660“ на „Hondа“ бележи одлични продажни резултати во Јапонија, но компанијата е изненадена од демографската слика на групата на купувачи на овој модел, пренесува „Блумберг“.
Mалиот спортски двосед пристигна на јапонскиот пазар во април, а во „Hondа“ веќе задоволно тријат раце со оглед дека уште го јуни го имаа распродадено планираното годишно производство од 8.600 aвтомобили.
Сепак, во компанијата се изненадени во однос на возраста на купувачите. Имено, 4/5 од идните сопственици кои го имаат порачано својот примерок имаат преку 40 години.
Тоа немаше да биде и така чудно доколку во „Honda“ при планирањето на овој модел не сметаше пред се само на младите купувачи. Но произлезе дека „Hondа S660“ најмногу го купуваат доброситуираните луѓе како втор автомобил во семејството.
Само за споредба, нешто поголемиот „S2000“ го купуваа воглавном млади луѓе, а само 1/5 од нив беа постари од 40 години.
„Блумберг“ пишува дека и другите производители на автомобили во Јапонија се соочуваат со слична ситуација.
Потенцијалните млади купувачи немаат доволно приходи за така лесно да можат да дојдат до нов автомобил, а поголемиот дел од нив го користат јавниот превоз.
Дека младите Јапонци се повеќе го губат интересот за автомобили се гледа и од податокот дека во последните 13 години, бројот на оние кои поседуваат возачка дозвола, а се помлади од 40 години е опаднат за 46%.
Во „Hondа“ пак очекуваат дека во наредниот период процентот на млади купувачи на моделот „S660“ постепено ќе расте.
Компанијата нови нарачки ќе започне да прима дури во октомври.
„Honda S660“ во Јапонија се продава по почетна цена од околу 2 милиони јени (14.700 eвра).
Aвтомобилот е опремен со трицилиндарски 0.66 литарски турбо-бензински мотор со 64 ks, но поради малата маса, овој мал автомобил е исклучително агилен.