5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички - Рубин за 200 денари

Работнички – Рубин за 200 денари

rabotnicki133

Билетите за мечот меѓу Работнички и Рубин Казан кој се игра во рамки на четвртото квалификациско коло за Лига Европа ќе чинат 200 денари.

Вака одлучи раководството на единствениот преостанат македонски тим на евросцената.

Според најавите, во продажба ќе бидат пуштени билети за северна и за јужна трибина, по цена од 200 денари. Источната ќе биде наменета за гостинските навивачи, додека западната трибина ќе биде затворена.

Продажбата на билетите ќе стартува на 14-ти август преку продажната мрежа на „МкТикетс“, а од 17-ти август до денот на одигрување на мечот влезници ќе може да се набават на билетарата на националната арена „Филип втори“.

Натпреварот меѓу Работнички и Рубин се игра на 20-ти август од 20 часот, а реваншот се игра во Казан на 27-ми август.

Работничи во претходното коло направи подвиг елиминирајќи го турски Трабзонспор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП