21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia се подготвува да се врати на пазарот на мобилни телефони

Nokia се подготвува да се врати на пазарот на мобилни телефони

noki android 24

Финската компанија „Nokia“, своевремено глобална технолошка ѕвезда, вработува софтверски експерти, тестира нови производи и е во потрага по продажни агенти настојувајќи да се врати на пазарот на мобилни телефони и потрошувачка технологија, кои ги напушти со продавањето на својот оддел за мобилни телефони.

Некогаш најголемиот светски производител на мобилни телефони, „Nokia“ беше погодена со растот на пазарот на мобилни телефони и беше потисната од конкуренцијата на „Apple“ и „Samsung“. Своето работење поврзано со мобилните телефони го продаде кон крајот на 2013-та година на „Microsoft“ и од тогаш го насочи производството на опрема за телекомуникациски мрежи.

Челникот на „Nokia“, Рајев Сури најави дека компанијата планира да се врати на пазарот на мобилни телефони. Сепак, ќе мора да причека до крајот на 2016-та година, кога истекува договорот со „Microsoft“ за не-натпреварување. Но и покрај тоа, подготовките во финската компанија се во тек.

„Nokia“ минатата година влеза на потрошувачкиот пазар со лансирањето на Андроид таблетот „N1“, кој од јануари е во продажба во Кина, а од пред неколку дена ја претстави и „камерата за виртуелна реалност“. Исто така ја покрена Андроид апликација под назив „Z Launcher“, која ја организира содржината на паметниот телефон.

Во меѓувреме, нејзиниот оддел за технологија објави на „LinkedIn“ десетици конкурски за работни места во Калифорнија, од кои повеќето се за развој на производи, вклучувајќи Андроид Инженери специјализирани за оперативниот софтвер кој ќе го користат мобилните уреди на „Nokia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП