4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.08.2015

Дневен хороскоп 10.08.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Овој ден ќе имате единствена можност за понуда на некое подобро работно место, не пропуштајте ја. Бидете свои и искористете ја вашата сила и интуиција за понатамошни успеси.Пробајте да направите баланс во својот емоционален живот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе присуствувате на некој настан на кој ќе сретнете личности кои ви биле блиски во минатото. Обновете го контактот со нив и надоместете го изгубеното време. Денес е поволен ден за некој роматичен филм кој ќе ве релаксира.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе се чувствувате посебно здраво и ќе имате енергија за работи за кои претходно не сте имале.Искористете го паметно денот и направете неколку промени во вашиот дом, кои ќе ви внесат позитивна енергија. Завршете ги сите задачи навремено, со цел да имате време за одмор.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Избегнете каков било конфликт со членовите од вашето семејство, бидејќи тоа е она што најмалку ви треба во моментов. Остатокот од денот искористете го поминувајќи со вашите пријатели кои се секогаш тука за вас. Имајте поведри мисли.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Конечно повторно ги наполнивте батериите, па денот нема да ви биде тежок и напнат, а обврските ќе ги извршувате со задоволство. Потрудете се да обрнете повеќе внимание на вашиот изглед, внимавајте на храната. Во вечерните часови потрудете се да го средите и исчистите домот, тоа дополнително ќе ве мотивира.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот кој ви претстои може да ви биде од голема важност, бидејќи ќе треба да донесете некои важни одлуки. Размислете внимателно и направете го она што е најдобро за вас, а би било добро и доколку побарате совет од некој пријател. Внимавајте не потпишувајте никакви документи поврзани со имот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сите знаеме колкава е вашата страст за авантура, но и обврските исто така чекаат да бидат извршени. За оние кои не се во врска денес е поволен ден за запознавање на нова личност. Посвете си време на себе, односно надградете го своето знаење и доусовршете ги вештините.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Уште еден ден со проблеми на работа. Ако очекувавте овој ден да ви донесе успех, тогаш откажете се од таа идеја. Едноставно, пробајте да го истуркате денот најдобро што можете, а утре е веќе нов ден, со нови исполнувања.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку ја оставите вашата тврдоглавост на страна и почнете да ги исполнувате неговите желби. Малку попустливост од ваша страна не е на одмет. Попладневното кафе со пријателите е добар избор за денес.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес би било добро да организирате дружба со пријателите со кои подолго време не сте се виделе. Разговорот со нив добро ќе ви дојде и ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот ден. Работните обврски ќе бидат минимални, па така нема да чувствувате голем напор.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Контактот со некој колега или пријател кој има слични интересирања како вашите, може да доведе до интересен разговор. Очекувајте понуда за кафе од личност од минатото. Нека не ве загрижуваат новонастанатите работи.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата интуиција може да ве инспирира за некој нов проект. Ќе бидете пријатно изненадени со она што сте го постигнале досега во вашата кариера. Ова би можело да биде инспиративно и продуктивно време. Искористете го рационално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП