26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојка: Словенечките победи над Грција овозможија Македонија да игра на финалниот турнир

Одбојка: Словенечките победи над Грција овозможија Македонија да игра на финалниот турнир

odbojkari-makedonija-odbojka

Македонската одбојкарска репрезентација по вторпат последователно ќе се појави на завршниот турнир на Европската лига, откако Словенија во саботата и неделата двапати ја совлада Грција со резултат кој ѝ овозможи на Македонија по двете победи кај Полска да има подобар скор како второпласирана во Групата А за еден бод од грчката селекција која е второпласирана во Групата Б.

Откако Македонија во петокот и саботата со 3-2 односно 3-1 славеше на гостувањето кај Полска, словенечките одбојкари во саботата и неделата во Марибор со идентични 3-1 ја совладаа Грција, што ѝ беше потребно на македонската селекција да има подобар скор од директниот ривал Грција, па заедно со Словенија, Естонија и домаќинот Полска да биде учесник на фајнл-фор турнирот.

Во неделата Словенија поведе откако го доби првиот сет со 25:23, а вториот сет со 25:20. Но Грците намалија со освојување на третиот, а четвртиот сет по неизвесен финиш им припадна на домаќините со 26:24.

Така, по киксот на домашен терен против Данска, македонската одбојкарска репрезентација со помалку среќен развој на настаните се избори, сепак, за заслужен пласман имајќи го предвид особено она што го демонстрираа во двомечот против Полска.

Македонските одбојкари ќе имаат шанса да го поправат минатогодишниот пласман во истото натпреварување, кога го освоија третото место на завршниот турнир. Во полски Валбржич на 13-ти и 14-ти август првопласираните репрезентации од двете групи, односно Естонија и Словенија, Македонија, како и домаќинот Полска ќе се борат за титулата во Европската лига за 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП