Кинеската компанија „VKWorld“ се пофали со својот нов „Android“ паметен телефон „Discovery S1“, кој од многуте други модели на пазарот се разликува по фактот дека има „HD“ екран кој е во состојба да прикажува „3D“ слика без никакви дополнителни помагала (посебни очила).
Споменатиот 5,5-инчен екран со резолуција од 1280×720 пиксели има густина на приказ од 267 ppi и „Gorilla Glass 3“ заштита. Останатите карактеристики на телефонот „VKWorld Discovery S1“ засега се непознати, како и тоа кога тој би можел да се најде на пазарот.
Инаку, на пазарот веќе се претставени „Android“ паметни телефони кои се во можност да прикажуваат „3D“ слика без специјални очила, но таквите уреди беа со нешто помала резолуција, на пример, „HTC EVO 3D“ има екран со резолуција од 960 x 540 пиксели, додека „LG Optimus 3D“ има екран со резолуција од 800 x 480 пиксели.