26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова мобилна апликација m-banking на Стопанска Банка АД Скопје

Нова мобилна апликација m-banking на Стопанска Банка АД Скопје

DSC_6796

Стопанска банка АД – Скопје и во 2013 година ќе продолжи да ја следи својата стратешка определба за имплементација на технолошките трендови и иновации во банкарскиот систем. Од 01.04.2013 година и официјално ќе започне да функционира ажурираната верзија на мобилната апликација m-banking со зголемен број на функционалности, како и можноста за извршување на сите видови плаќања преку мобилен телефон на лесен и едноставен начин, 24 часа на ден, 7 дена во неделата без никаков надомест.

Како надоврзување на соработката од крајот на 2012година, во 2013, Стопанска банка АД – Скопје  ќе ја продлабочи соработката со Фудбалската Федерација на Македонија, со што останува на страната на фудбалот, и во поддршка на сите активности на репрезентацијата.

Денес, Стопанска банка АД – Скопје  со огромна чест и задоволство на сите македонски репрезентативци им доделува MasterCard дебитни картички  со износ  во висина од 500 евра, како и ексклузивна можност, први да ја користат надградената мобилна апликација m-banking,  уште пред таа да биде и официјално достапна за сите.

DSC_6848

Имено, со мобилната апликација на СБ, со само еден допир на своите паметни телефони, клиентите на СБ имаат можност во секое време брзо, лесно и безбедно да се информираат за сите банкарски услуги, да ги вршат сите видови плаќања, да имаат увид во сопствените сметки, да ја дознаат локацијата на сите филијали и најблискиот банкомат, целата мрежа на трговци каде може да се купува на рати со картичките на СБ, да ја прегледаат курсната листа, да имаат пристап на калкулатор на кој можат да ги пресметаат своите месечни рати, како и да се информираат за сите производи кои ги нуди Банката.

Како банка со веќе препознатливи стандарди на корпоративно општествена одговорност во земјата, Стопанска банка АД – Скопје и понатаму ќе биде нераскинлив дел од заедницата и ќе поддржува проекти од широк општествен интерес.

Преку соработката со Фудбалската федерација на Македонија, Стопанска банка АД – Скопје го оправдува своето мото На ваша страна, застанувајќи на страната на спортот, на страната на фудбалот како најважната споредна работа во животот. Вредностите на кои не учи спортот, како што се посветеност, соработка со останатите членови на тимот, взаемно почитување, позитивна енергија за фер натпревар, се вредности за кои се залага и Стопанска банка, институција која во својата скоро 70 годишна традиција, поддржувала и ќе поддржува голем број на проекти од сличен карактер.

DSC_6837

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП