6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакери вршат напади на Android и iOS смартфони преку лажни апликации

Хакери вршат напади на Android и iOS смартфони преку лажни апликации

broken-iphone-smashed-screen-icons

Нова ранливост им овозможува на хакерите да ја следат комуникацијата на смартфоните со „Android“ и „iOS“. Техниката ја користела компанијата „Hacking Team“ која продавала шпионски софтвер на тајните служби и влади и беше пробиена неодамна, а над 400GB податоци од нејзините сервери беа објавени на интернет, соопштува интернет изданието „BusinessInsider“.

Нападот се нарекува „Masque“ и е откриен од компанијата за сајбер безбедност „FireEye“. Таа е вметната во обид за привлече корисниците да инсталираат апликација која божем е нова и подобра верзија на програма, која веќе ја користат. Таа сепак е однапред компромитирана и јс заменува „здравата“ апликација.

Лажната апликација изгледа и работи на идентичен начин со онаа која е заменета. Кон неа сепак се додадени и малициозни кодови, кои остануваат незабележани за корисникот. Преку нив хакерите можат да ги следат комуникациите на корисникот преку телефон и да се здобијат со неговите лични податоци.

Тие ја користат слабост во системот за безбедност на двете платформи, која лесно може да бидат пробиена со одобрувањето за инсталирањето на божем „нова“ верзија на веќе достапната апликација дури и таа да не доаѓа од официјалните онлајн продавници. Добрата вест е дека таа може да функционира само ако корисникот сам притисне до линкот кој води до неа.

Тоа значи дека треба корисниците да превземаат нови апликации само преку „Google Play“ и „App Store“ и да не им веруваат на сајтови и банери кои им нудат божем нови, подобри верзии на истите овие апликации. Хакери направија заразени верзии на „Twitter“, „Facebook“, „WhatsApp“, „Skype“ и многу други популарни апликации, коментираат од „FireEye“. Затоа е важно потрошувачите да внимаваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП