10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Mazdа 5

Крај за Mazdа 5

mz 5

„Mazda“ потврди дека во 2015-та ќе стави крај на производството на својот мини-ван модел.

Jапонската компанија во последните 4 години потполно ја обнови гамата на своите модели на европскиот пазар, а во тој период понудата е дополнета со два нови „SUV“ модели (CX-5 и CX-3).

„Mazda5“ е дел од претходната генерација возила на овој производител и моментално е единствениот модел во Европа кој не е заснован на „Skyactiv“ технологија и „Kodo“ дизајн.

Kако што соопшти јапонскиот производител, производството на „Mazdа5“ ќе престане до крајот на годината, а директен наследник засега не е во план.

Една од причините за ваквата одлука е тоа што во светот владее се поголем интерес за „SUV“ и кросовер моделите, поради што е загрозена продажбата на мини-ван возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП