27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции за земјоделците

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции за земјоделците

kravari 33

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8.711 земјоделци за произведено млеко и за други мерки за поддршка на земјоделството.

За произведено и продадедено овчо, кравјо и козјо млеко на 8.562 земјоделци исплатени им се 206 милиони денари.

За поддршка на сточарствтото исплатени се и 3 милиони денари по основ одбележани грла овци и за угинати овци и кози од болеста син јазик.

За домашен лозов калем исплатени се 14 милиони денари финансиска поддршка. Мерката изнесува 25 денари по лозов калем.

Исто така исплатени се 1,4 милиони денари за поддршка на градинарско производство на отворено и под пластеници.

За здружувања за земјоделско производство исплатени се 2,2 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП