26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФОТОГАЛЕРИЈА: Hugo Boss ја објави колекцијата есен/зима 2015

ФОТОГАЛЕРИЈА: Hugo Boss ја објави колекцијата есен/зима 2015

h boss

Најпознатите фотографи Инез ван Ламсвеерд и Винуд Матадин ја покажуваат својата брилијантна магија преку сликањето за новата машка колекција на BOSS за кампањата есен/зима 2015, во соработка со францускиот модел Клемент Шаберно. Дуото се смета за едни од најважните и највлијателни модни фотографи на ова време.

h boss1

Во студио во Лос Анџелес, колекцијата триумфира преку користењето на сенките и светлото во комбинација со иновативната и драматична слоевита позадина, која е налик антрацит.

h boss2

Острите кројки и темно црвените бои се истакнати со маестрално користење на светлото, надополнети со одлично одиграната поза на моделот, кој неодамна се појави на насловната на машкиот Вог.

h boss3

Првпат соработувајќи со BOSS, Шаберно совршено ја „проширува“ збиената визија на снимањето. Длабокиот поглед на моделот, комбиниран со раскошот на кадифената позадина, ја нагласува храбрата и прецизна природа на самата колекција, привлекувајќи го вниманието на синтетичките и налик органски текстури.

h boss4

Струкираните палта и рафинираните јакни во неутрални тонови ја дефинираат оваа исклучителна модерна колекција, која исто така е надополнета со модни додатоци како што се големите кожни викенд-торби и безвременските, софистицирани очила за сонце.

h boss5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП