3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz со 15% раст на тримесечната нето добивка

Allianz со 15% раст на тримесечната нето добивка

znaminja allianz

Германската осигурителна компанија „Allianz“ заработи повеќе во вториот квартал и покрај континуираните слабости на Фондот на обврзници – „Pacific Investment Management Co.“ (PIMCO), откако осигурителниот бизнис доби поддршка од пониските исплатени надоместоци и од еднократен приход од продажба на средства, пишува „MarketWatch“.

Нето добивката на најголемиот осигурител во Европа по стапката на пазарната капитализација се зголемува за 15% на годишно ниво или до 2,02 милијарди евра од 1,76 милијарди евра, колку што беше во вториот квартал од минатата година. Тоа е доста над очекувањата на аналитичарите од Dow Jones Newswires за добивка во износ од 1,83 милијарди евра.

Оперативната добивка на „Allianz“ се покачува за 2,6% до 2,84 милијарди евра, а малку недостигаше да ги достигне прогнозите за раст до 2,92 милијарди евра. Ова се случува откако подобрувањето кај имот и неживотно осигурување не беше доволно за да го засени слабиот придонес на друштвото за управување и операциите на осигурување на живот и здравствено осигурување.

Уште во мај „Allianz“ предупреди дека ќе објави уште 200 милиони евра раст на оперативната добивка поради продажбата на бизнисот на мало на американската единица „Fireman’s Fund“ на „ACE Ltd“. Продажбата беше реализирана во април.

Германската компанија соопшти дека е на пат да достигне горната граница на оперативна добивка за оваа година помеѓу 10 милијарди и 10,8 милијарди евра. Кон крајот на полугодието, „Allianz“ веќе реализира 5,70 милијарди евра од целта.

Кон крајот на јуни „Allianz“ управува со средства за 1,81 илјади милијарди евра, што е за 6,3% помалку во однос на крајот на март 2015-та година, но споредени со крајот на 2014-та година и вториот квартал од минатата година, средствата се без промена.

Оперативната добивка од осигурување на живот и здравствено осигурување се намали за 13% на годишно ниво до 853 милиони евра, главно поради пониски инвестициски маргини во Германија и зголемување на резервите во Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП