4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale дели откази во Русија

Societe Generale дели откази во Русија

MI-CG923_SOCGEN_J_20141222161009

Француската банка „Societe Generale“ во вториот квартал од оваа година отпушти 1.200 работници во Русија, се наведува во извештаите на банката.

Претходно претставник на банката изјавил дека групацијата планира во вториот и третиот квартал од 2015 година да го намали бројот на работници за илјада лица, колку што веќе беше намален во првиот квартал.

Рускиот бизнис на „Societe Generale“ ги опфаќа „Rosbank“, „Rusfinance Bank“, банка „Delta Credit“, лизинг компанијата „ALD Automotiv“ и осигурувањето „Societe Generale Insurance“,

Руските „ќерки“ на „Societe Generale“ во вториот квартал од оваа година забележаа нето загуба од 45 милиони евра, во однос на 15 милиони евра добивка во истиот период минатата година.

Загубата на рускиот бизнис во споредба со резултатите од првиот квартал, кога е забележана загуба од 91 милион евра, во вториот квартал е преполовена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП