29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали е тоа можно? Создадоа велосипед кој не е можно да се...

Дали е тоа можно? Создадоа велосипед кој не е можно да се украде! (фото+видео)

yerka

Кражбата на велосипеди во нашата земја е многу честа појава, па дури и најдобрите брави и катанци понекогаш знаат да не „изневерат“. Свесени за тоа било и триото на чилеански инженери кои на потенцијалните крадци одлучиле да им го направат „бизнисот“ покомплициран.

Нивниот проект насловен „Yerka“, како што велат тие, е првиот велосипед во светот кој невозможно е да се украде. На прв поглед велосипедот изгледа многу обично, но неговата посебност е во тоа што долната цевка на вилушката може да се подели на два дела, па тогаш може да се поврзе со цевката од седиште и со тоа да се врзе велосипедот до цврст објект.

yerka 1

За целиот процес потребни се само 10 секунди од моментот кога седиштето на велосипедот го трансформирате во брава, а единствениот начин да се украде е со сечење на велосипедот на половина со што го прави бескорисен, пишува „Daily Mail“.

„Start-up“ проектот „Yerka“ е дело на 22-годишниот Кристобал Кабело, 23-годишниот Андрес Roха Егерс и 24-годишниот Хуан Хозе Mонсалве.

yerka 2

Првите 100 велосипеди биле продадени по цена од 400 долари, додека во иднина таа би требало да изнесува околу 600 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП