27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакери можат да крадат отпечатоци од паметните телефони

Хакери можат да крадат отпечатоци од паметните телефони

samsung-hero

Отпечатоците од прсти кои смартфоните со сензори за нив ги чуваат, може да не се толку добро заштитени. Експерти на компанијата „FireEye“ покажаа нов начин за здобивање со оваа информација од смартфоните од далечина, соопштува интернет изданието „ZDNet“.

Проблемот влијае на модели на „Samsung“, „Huawei“ и „HTC“. И трите компании веќе се подготвени со софтверски надградби со кои ќе го решат проблемот, но не е познато кога ќе стигнат до уредите на корисниците.

Експертите открија четири видови напади кои можат да се користат. Еден од нив овозможува собирање на информации за отпечатоци „во голем обем“, коментира Илонг Занг, еден од инженерите кои го открија проблемот.

Излегува дека производителите „не го заклучуваат“ доволно добро сензорот и неговите информации. Во некои уреди тој дури не е имплементиран во јадрото, што го прави уште полесен за напаѓање. Нападот овозможува продолжено собирање на отпечатоци, вклучувајќи и од различни корисници, кои може да користат еден уред.

Проблемот не е изолиран само за смартфоните. Од компанијата велат дека преку некои од методите можат да се нападнат и лаптопи со сензори за отпечатоци и други уреди.

Тие посочуваат дека сензорот на „iPhone“ е прилично сигурен, бидејќи ги енкриптира собраните информации. Значи, дури и да добијат пристап до сензорот, хакерите нема да можат да ги читаат информациите без клучот за енкрипција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП