30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција на ММФ му исплати 186,3 милиони евра

Грција на ММФ му исплати 186,3 милиони евра

mff grece

Грција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) му исплати рата од 186,3 милиони евра, потврдиле од меѓународната институција, со што Атина избегна доцнење во отплатата на кредитот, во момент кога со кредиторите преговара за третиот спасувачки пакет.

„Грција ги плати трошоците по основ на каматата кои во четврток достигнаа наплата во висина од 186,3 милиони евра“, се наведува во соопштението од ММФ, пренесува AFP.

Со оваа уплата, Грција првпат од почетокот на јуни навреме ги плати своите обврски кон ММФ, а и преостануваат уште вкупно 22 милијарди евра долг кон оваа институција, пришто наредната прва рата од 307 милиони евра треба да се исплати на 1-ви септември.

Земјата на 30-ти јуни не успеа на ММФ да му врати долг од 1,5 милијарди евра, поради што стана првата развиена земја која задоцни во подмирувањето на обврските кон меѓународните кредитори. Две недели после ова, официјална Атина повторно пропушти исплата на рата од долгот кон ММФ, во висина од 456 милиони евра.

Реакцијата на ММФ тогаш беше замрзнување на пристапот до своите средства, како и до тековните финансиски програми на Фондот кои се наменети за  Грција.

Сепак, Атина на 20-ти јули плати две милијарди евра од долгот кон ММФ, бидејќи доби кредит за премостување од Европската унија. Претставници на ММФ, Европската комисија и Европската централна банка моментално престојуваат во Атина поради изработката на деталите од третиот пакет на помош за Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП