30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички го мина Трабзонспор, денеска го очекува противникот за плеј-оф

Работнички го мина Трабзонспор, денеска го очекува противникот за плеј-оф

rab-trab

Работнички обезбеди пласман во плеј-оф фазата на Лига Европа откако одигра 1:1 на гостувањето кај фаворизираниот Трабзонспор во рамките од третото квалификациско коло за Лигата на Европа.

По регуларните 90. минути Трабзонспор победи со 1:0, но поради победата на Работнички со истиот резултат во Скопје, мечот отиде во продолженија.

Во првото продолжение шанса за гол имаше домаќинот, кога Јилмаз во 104. минута ја погоди стативата. Казната стигна во второто продолжение, поточно во 112. минута кога Илиевски со една одлича дијагонала го пронајде Марковски, а овој со глава го лобуваше домашниот чувар на мрежата кој погрешно процени за 1:1.

„Романтичарите“ денеска ќе го добијат противникот за плеј-оф дуелот.

УЕФА ги селектираше тимовите, по што Работнички се најде во третата група, каде нема да бидат носители, па се очекува да се елиминира тежок противник за постигнување на историски успех.

Можни противници на Работнички се Рубин Казан од Русија, Салцбург од Австрија, Фенербахче од Турција, Бордо од Франција, Лех Познан од Полска и Слован Либерец од Чешка. Покрај Работнички, во третата група како неносители се уште Хајдук Спилт, Атромитос, Динамо Минск, Видеотон и Каират Алмати.

Жребот ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП