4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.08.2015

Дневен хороскоп 07.08.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате многу енергија и сте фокусирани на домот и семејните случувања. Денот е одличен за да се забавувате во домашен амбиент. Чувствувате стимулација да учите или проучувате нешто ново. Во попладневните часови се очекуваат романтични разговори кои ќе ги разбудат вашите емоции.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Tреба да добиете значителна сума на пари. Вашата сакана личност ќе биде среќна. Добар е моментот да започнете со правење на планови за иднината и за средби со пријателите. Биковите кои се уште трагаат по љубов ќе бидат прилично незадоволни овој период.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Заборавете на вчерашниот ден во кој буквално се истрошивте и материјално и физички и обидете се овој ден да го започнете со нешто што ви причинува задоволство. Ова е вашиот среќен ден неделава, па затоа искористете го најдобро што можете и донесете важни одлуки.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Она што денес ќе ве израдува, е вкусниот ручек во пријатна атмосфера заедно со најблиските пријатели. Не претерувајте со консумирањето на прекумерна количина на храна, тоа може да му наштети на вашиот организам. Јадете умерено.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Иако не сакате да се занимавате со парите, сепак тие ќе ви бидат главна преокупација денес. Лавовите кои се во врска ќе се сретнат со проблеми и кавги со партнерот и тоа без некои битни причини. Партнерот има проблеми и шири тензија околу себе, но сепак не можете да му помогнете ако не ви го дозволи тоа.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Би можеле во некоја групна активност да запознаете некоја искусна и мудра личност што ќе ви го привлече вниманието. Ќе слушнете многу интересни работи кои ќе ја збогатат вашата ризница на мудрости. А можеби ќе добиете вреден совет за некоја за вас многу важна работа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сте инволвирани во уметничките сфери, денес се што ќе правите ќе биде направено со голема посветеност и прецизност. Вашиот ум е остар и сакате да работите пополека и внимателно. Романтичните разговори би можело да се сведат на некакви рутини.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На вашето работно место ќе се бара стекнување на некои нови знаења од техниката и технологијата. Или можеби ќе добиете некои идеи како да си ја олесните секојдневната работа. Денес ќе експериментирате со постоечкиот поредок и ќе внесувате промени во секојдневниот ритам.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова не е добар ден за барање финансиски решенија, а исто така не е добар ни за трошење пари. Многумина од вас, денот ќе го поминат во задлабочени размислувања за различни сфери од животот. Обидете се да не започнувате ништо ново, затоа што нема да ги добиете очекуваните резултати.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Може да ви произлезе шанса да се вклучите во некоја нова активност која ќе ви донесе значајни професионални и финансиски бенефиции.Ќе работите многу напорно, но колегите може да не се чувствуваат најдобро поради тоа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Може нема да бидете во најдобро расположение денес. Избегнете го преземањето на нови одговорности денес, бидејќи сносите ризик од загуба на енергија. Ви престои интересен период. Нови познанства и пријателства ќе им помогнат на некои Водолии да ги заборават свежите рани.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Избегнувајте ги конфликтите, но ако се најдете во таква ситуација, бидете мудри. Ова посебно важи за оние кои се во работен однос. Од некои работи ќе мора да се одречете и да прифатите дека повеќе не се дел од вашиот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП