17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus подготвува втор предводник

Lexus подготвува втор предводник

leksi 393

Компанијата „Lexus“ предвидува вклучување на втор предводник во постоечката гама кој ќе се распореди заедно до седанот „LS“. Ова го откри пред агенцијата „Reuters“ шефот на американската филијала на марката Џеф Брекен.

Според него, новиот автомобил ќе биде со исти димензии и слична цена со „Lexus LS“. Топ-менаџерот не сакаше да го откри името на моделот, но навести дека станува збор за купе структурирано на концептниот „Lexus LF-LC“ (на фотографијата) прикажан уште во 2012-та година.

Најверојатно моделот ќе го носи името „Lexus LC 500“ што компанијата веќе го патентираше во САД. Заедно со него беше регистриран и називот „LC 500h“, што покажува дека автомобилот ќе се нуди и во хибридна верзија. Каросеријата ќе биде изграден на платформата со заден пренос на новиот „Lexus LS“ и ќе ги искористи неговите агрегати.

Според експертите разработката на вториот предводник од страна на „Lexus“ се должи најмногу на намалувањето на интересот кон седаните од премиум-класа. Според податоците на „Automotive News“ продажбата на „Lexus LS“, „BMW 7-Series“, „Audi A8“ и „Mercedes-Benz S-Class“ опаѓа, бидејќи поранешните купувачи сега се насочуваат кон големи кросовери.

Во „Lexus“ немаат намера да заостануваат зад овие трендови и работат на создавање на 7-ма модификација на кросоверот „RX“. Тој ќе биде насочен најмногу кон пазарот во САД, каде што има сериозна побарувачка за такви модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП