1 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНамалена цената на Galaxy S6

Намалена цената на Galaxy S6

namaluvanje 3309

„Samsung“ неодамна најави „корекција“ на цените поради лошите резултати на пазарот на мобилни телефони, а сега пристигнува и првата информација за „кратењето“. Во САД кај некои оператори „Samsung Galaxy S6“ чини 100 долари помалку од претходно, додека во Велика Британија цената е намалена за 60 фунти.

Што се однесува до основниот „Galaxy S6“ модел во САД цената сега се движи од 579 долари (530 eвра) зa 16GB и 659 долари (605 eвра) зa 32GB, додека во Британија цената на моделот од 32GB е 499 фунти (710 eвра)

За разлика од Островот, каде „S6 Edge“ ја задржа својата цена од 669 фунти (oколу 950 eвра), амрикански „T-Mobile“ цената на верзијата од 32GB ја намали на 680 долари (620 eвра), a верзијата со 64GB ја намали на 770 долари (705 eвра).

Интересно е тоа дека во САД цените за моделите од 128 GB се „скратени“ за по 200 долари, па сега за двата модели важи цената за верзијата со 64GB и 128GB меморија.

„Samsung“ од својот предводник очекуваше рекордна продажба, која ја бележеше во првите денови, но потоа и побарувачката и производството започнаа да се намалуваат.

„И покрај лансирањето на „Galaxy S6“, зголемувањето на приходот во тој сектор е маргинално, поради малите испораки и поголемите трошоци за маркетинг“, соопшти претходно „Samsung“.

„Samsung“ наскоро ќе го престави својот нов модел „Note 5“, a се шпекулира и за лансирање на играчки производ од понизок ценовен ранг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП