22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДвоцифрен раст на добивката на Deutsche Telekom

Двоцифрен раст на добивката на Deutsche Telekom

dt telecom

Deutsche Telekom (DT) извести за скок на основната добивка за 14 отсто во вториот квартал во однос на истиот период лани, или на 5,03 милијарди евра, благодарение на позитивниот принос на американскиот пазар на мобилни телефони.

Добивката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA), без еднократни ставки од 5,03 милијарди евра е над очекувањата на аналитичарите кои во анкетата на Reuters во просек очекуваат 4,95 милијарди евра.

Нето приходите од продажбата на DT во второто тромесечје пораснаа за 15,3 отсто во однос на истиот период лани, достигнувајќи 17,4 милијарди евра.

„Недвосмислено ги потврдивме силните бројки од првото тромесечје. Трансформацијата на групацијата продолжува со полна брзина во сите подрачја. Се движиме во вистинска насока“, истакна Тим Хетгес, извршен директор на DT.

T-Mobile US, во кој Deutsche Telekom има сопственост од 65,7 отсто, извести минатата недела за подобри од очекуваните деловни резултати и ја зголеми прогнозата за нови претплатници во 2015 година по втор пат во оваа година.

DT ги потврди своите насоки за целата 2015 година, според кои и натаму се проценува дека прилагодената EBITDA ќе досигне 18,3 милијарди евра, со паричен ток од околу 4,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП