19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортското купе на Kia ќе излезе во 2020-та година

Спортското купе на Kia ќе излезе во 2020-та година

 

kupe kia

Првиот сериски спортски модел на „Kia“ ќе се појави на крајот на деценијата, соопшти извршниот директор на британската поделба на компанија, Пол Филпот, цитиран од „Autocar“.

kupe kia1

За автомобилот ќе биде развиена целосно нова платформа, а тој ќе се нуди на сите пазари. За создавање на моделот Корејците ќе го користат искуството стекнато при изработка на прототипите „GT“ и „GT4 Stinger“. Други детали топ-менаџерот не сакаше да открие.

kupe kia2

Купето со две врати и заден пренос, „Kia GT4 Stinger“ ја користи формулата 2 + 2 места. Истото беше претставено на саемот во Детроит, а е управувано од 2,0-литарски 4-цилиндричен турбомотор со 315 КС. Моторот работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач. Сериската верзија на концептот треба да се позиционира како конкурент на „Toyota GT86“.

kupe kia3

Прототипот „GT“ исто така е купе, но со 4 врати. Тоа ја користи платформата на „Hyundai Genesis“ и беше претставен уште во 2011-та година на саемот во Франкфурт. Концептниот модел доби 3,3-литарски мотор со 6 цилиндри кој развива 395 КС и 534 Нм, а менувачот е 8-степен автоматски.

Филпот додаде дека во наредните 2 години „Kia“ ќе пушти на пазарот и компактен кросовер, кој се очекува да конкурира на „Nissan Juke“. Новиот модел ќе биде во стилот на концептот „Provo“ прикажан во Женева во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП