19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro ја зголеми тримесечната загуба

Metro ја зголеми тримесечната загуба

metro333

Германскиот трговец „Metro“ регистрира пад на приходите од продажба во свoјот трет квартал, наведувајќи ги неповолните валутни разлики во голем дел од регионот на Источна Европа и промената во традиционално силниот период околу Велигден, кој оваа година беше помал, пишува „MarketWatch“.

Во периодот април-јуни германската компанија ја зголеми загубата до 115 милиони евра од 63 милиони евра, кои беа забележани пред една година. Но и добивката пред камати и даноци се намалува до 209 милиони евра од 253 милиони евра, откако минатогодишните резултати на „Metro“ беа поттикнати од еднократни приходи од продажба на недвижен имот.

Приходите од продажба се намалуваат за 1,4% до 13,97 милијарди евра при пазарни очекувања за 14 милијарди евра.

Во јуни „Metro“, кој е една од најголемите супермаркет групи во Европа заедно со британската „Tesco“ и француската „Carrefour“, се согласи да го продаде синџирот продавници „Kaufhof“ на „Hudson Bay“ за близу 2,8 милијарди евра.

Финансиската година за германската компанија завршува со крајот на септември. Друштвото се уште очекува „EBITDA“ за 2015-та година во износ малку над 1,53 милијарди евра – колку што заработи и во претходната година. Од „Metro“ сепак предвидуваат благ раст на приходите.

Поради продажба на „Kaufhof“, прогнозата сега се базира на тековните операции.

Во првите часови на тргувањето со акциите на „Metro“, нивната вредност се зголеми за 3,67% до 30,80 евра при пазарна капитализација од 9,98 милијарди евра.

На 30-ти јуни 2015-та година, „METRO Cash & Carry“ имаше 764 продавници во 26 земји, од нив 107 продавници се во Германија, 232 – во Западна Европа, 290 – во Источна Европа, како и 135 во Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП