1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСекој месец Google и Samsung ќе го обновуваат Android

Секој месец Google и Samsung ќе го обновуваат Android

bez 333

„Google“ објави дека ќе започне со месечно ажурирање на софтверот на сите уреди од серијата „Nexus“. Надоградбата ќе е само за подобрување на безбедноста, но не и обезбедување на нови верзии на „Android“ за старите модели на паметни телефони.

Официјалната причина за промената е дека „Google“ се стреми за безбедноста на уредите и платформата. „Nexus“ уредите ќе добијат ажурирања со нови функции во текот на две години по започнувањето на продажбата. Надградба само за исправување на проблеми во безбедноста ќе се нуди барем уште една година потоа или 18 месеци по продажбата на уредот од „Google Store“.

Вистинската причина за промена е фактот дека пукнатината во безбедноста на „Android“ веќе станаа доста посериозна. Последната се нарекува „Stagefright“ и овозможува активирање на команди и кодови од далечина преку мултимедијални пораки. Всушност, обновувањето на проблемот е подготвено уште пред тој да биде јавно објавен, но како што знае и секој корисник на „Android“, остварувањето на нов софтвер на уредот му одзема многу време, ако воопшто се случи.

Овој пат „Google“ реши да ги заобиколи производителите и оператори, а најави дека сите уреди „Nexus“ ќе добиваат надоградба за безбедност еднаш месечно. Малку потоа „Samsung“ исто така најави дека ќе секој месец ќе испраќа до своите мобилни телефони надградби за збогатување на нивната безбедност. Корејскиот гигант веќе почна и преговори со мобилните оператори, за да ја спроведе функцијата и во брендираните модели. За сега компанијата не прецизира за колку генерации телефоните назад ќе се однесува новата програма за ажурирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП