2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиковска и Спасеска се новите бренд амбасадори на Wizz Air

Никовска и Спасеска се новите бренд амбасадори на Wizz Air

виз-жени

Никовска Кристина, 30 години од Скопје и Спасеска Александра, 25 години од Скопје се двете победнички за новиот бренд амбасадори во Македонија на Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа.

Програмата на Wizz амбасадори го препознава квалитетот во извршувањето на услугите и фокусот на клиентите од страна на членовите на екипажот. Повеќе од 69.000 патници и фанови гласаа онлајн, за избор на нови амбасадори од 39 кандидати кои ќе ја претставуваат Wizz традицијата за одличната услуга како и нивната земја.

Во Македонија, победници се Никовска Кристина, 30 години од Скопје и Спасеска Александра, 25 години од Скопје. Двете ќе го претставуваат Wizz и Македонија во 38 земји ширум светот. Додека се одржуваат нивните должности како членови на екипажот, Wizz амбасадорите ќе бидат достапни за работа со медиумите, училиштата и други субјекти за да бидат добро познати кај пошироката јавност.

„Јас сум воодушевена што сум избрана за еден од Wizz амбасадорите од страна на патниците. Со самото станување на член од екипажот, сонот од детството ќе ми се исполни, а ја сум подготвена да го преземам предизвикот и да бидам претставник на Македонија, Wizz Air и мојата професија“,изјави Никовска Кристина.

„Да се биде избрана за еден од новите Wizz Амбасадори за мене претставува голема чест. Работата е мојата страст и јас сум нетрпелива да бидам дел од екипажот и да имам динамичен живот“, изјави Спасеска Александра.

„Стјуардесите на Wizz Air се стремат да споделат вистинска страст на своите работни места и секогаш се стремат да им дадат одлично искуство на патниците. Тимот на Wizz амбасадорот се состои од 24 членови на екипажот кои беа избрани за најдобри од страна на нашите патници“, изјави Wizz Air заменик директорот Owain Jones.

„Wizz амбасадорите го претставуваат брендот и вредностите во нивната земја а и пошироко преку учество на медиумите и со добротворни настани во целиот регион. Сите тие се навистина посветени професионалци, чија возбудлива кариера може да се следи на социјалните медиуми на Wizz Air и да се сретнат лично на летовите на Wizz секој ден”, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП