17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобрите 11 франшизи во Германија

Најдобрите 11 франшизи во Германија

fr de

Доколку планирате да започнете свој бизнис или сте заинтересирани за франшизинг модели, внимателно да истражите некои од франшизите во Европа.

Европа е пазарот со слични потреби и навики, па поради тоа за Вас подготвивме листа со најуспешните франшизи во Гераманија. Франшизите се рангирани врз основа на бизнис планот, задоволството на сопственикот, истражувањето на пазарот и можноста да се влезе во партнерство со франшиза.

Некои од овие франшизи доаѓаат од други земји, како што се Данска и Англија, а повеќето потекнуваат токму од Германија.

11. Schülerhilfe

fr de 111

Инфо: Основана во 1974-та година во Германија.

Schülerhilfe е систем за обука што им помага на учениците да го научат материјалот. Ова е најпознатата ваква франшиза во Германија. Првите франшизни партнери постојат веќе 20 години, и се доста успешни.

Корисниците на франшиза на одредени места добиваат клиенти преку контакти со родителите, училиштата, и во соработка со наставници и претставници на локалните општини. Системот на настава се изведува во мали групи од 3-5 ученици по сите предмети. Во моментов работат на повеќе од 1.000 локации во Германија и Австрија.

10. RE/MAX

fr de 10

Инфо: Основана во 1993-та година, Денвер, Колорадо.

Во сите рангирања за франшизи во Германија, RE/MAX е во првите десет. Ова е водечка франшиза во индустријата за недвижности

Купувачите на лиценци работат со своите недвижности и водат тим на независни агенти. Овие агенти се специјализирани за различни сегменти и се фокусираат на независни пазарни сегменти. Меѓутоа, системот на франшиза функционира така што агентите се глобално поврзани, а со тоа постигнуваат синергетски ефект.

9. BoConcept urban design

fr de 9

Инфо: Основана во 1952-ра година, Хернинг, Данска.

BoConcept се занимава со дизајн и производство на модерен мебел, со акцент на модата и функционалност.

BoConcept франшизниот систем нуди квалитет на мебел по разумни цени. Најголемиот малопродажен ланец во данската индустријата за мебел се прошири на глобално ниво, во над 300 локации низ светот.

BoConcept не бара трациционални инвеститори, туку купувачите на франшиза ги инспирира за производство на мебел. Концептот е многу успешен и покажува стабилен меѓународен развој.

8. Town&Country Haus

fr de 8

Инфо: Основана во 1997-ма година во Hörselberg-Hainich, област Behringen.

Town&Country Haus се занимава со масовно производство по системот „клуч на рака“ по многу конкурентни цени и добар сооднос цена и перформанси.

Town&Country Haus многу бргу стана лидер на пазарот. Клучен фактор за упехот е сеопфатниот безбедносен пакет, кој градителите, но и франшизните парнтери, го гарантираат против многуте безбедносни ризици.

7. Executives Online

fr de 7

Инфо: Основана во 2000-та година во Англија.

На почетокот оваа франшиза го искористи празниот простор и беше пионер во употреба на маркетинг за интернет пребарувачи, а исто така, привлече голем број на клиенти, главно задоволни од нивните услуги. За да привлечат клиенти направија Банка за меѓународни таленти која ги повикува на членство на постарите менаџери и директори од целиот свет.

Executives Online е специјализирана за пополнување на управувачки позиции. Франшизниот партнер може да биде активен како надворешен соработник со искуство во лидерство и како личен консултант кој може да обезбеди голем број на советници и да се изгради канцеларија. Франшизните партнери има пристап до базата на податоци со илјадници директори и менаџери и франшизниот центар за поддршка во градењето на бизнисот.

6. Expense Reduction Analysts

fr de 6

Инфо: Основана во 1984-та година во Адисон, Тексас.

Оваа франшиза се смета за еден од најголемите и најпрестижните компании за управување со трошоците и управување со набавките. Таа се занимава со намалување на нестратешките трошоци. На глобално ниво, има мрежа на повеќе од 700 експерти. Во Германија работи со над 100 франшизни партнери.

5. MAIL BOXES ETC.

fr de 5

Инфо: Основана во 1980-та година во Америка.

Mail Boxes Etc. (MBE) нуди меѓународен синџир за снабдување и услужување на деловни центри. Компаниите може да користат решенија како што се услуги за пакување, превоз, поштарина, печатење, администрација и некои други деловни услуги.

По триесет години на пазарот, оваа франшиза постои во триесет држави. Франшизниот партнер е поддржан во околу 1.500 сервисни центри низ целиот свет, од кои 1.100 во Европа. Во земјите со германско говорно подрачје, постојат повеќе од 180 MBE центри.

4. PROMEDICA PLUS

fr de 4

Инфо: Oснована во Англија.

Франшизата настана во Англија, а многу бргу ја прошири својата мрежа во Германија, позната по големиот процент на постари жители. PROMEDICA PLUS нуди медицински и услуги за нега на постари лица во приватни куќи. Франшизата е дел од PROMEDICA GROUP, европскиот лидер во индустријата.

Како лидер во негата на постари лица, групацијата воочи потреба во Англија за нова форма на нега која на постарите лица и нивните семејства им ја нудат како алтернатива во форма на повремени дневни посети или заминување во дом за стари лица.

Со се постарата популација, растот на овој пазар има голем потенцијал. Франшизните партнери минуваат целосна обука и не е неопходно искуство во оваа индустрија.

3. CRESTCOM

fr de 3

Инфо: Основана во 1987-ма година во Гринвуд Вилиџ, Колорадо.

Crestcom е франшиза која се одржуваат обуки во областа на менаџментот. Таа го менува начинот на кој се работи во повеќе од 60 земји, и на повеќе од 25 јазици.

На франшизните парнтери Crestcom им нуди првокласен тренинг во областа на продажбата, менаџментот и личниот развој на менаџерите во MSP секторот. Концептот е уникатен на германскиот пазар: тренинзите се структуирани во модули, па така учесниците можат наученото да го применат во праксна континуирано, во мали чекори.

Кориснците избираат меѓу 30 тренинг модули, додека тренинзите се менуваат во склад со новитетите на пазарот.

2. Joey’s Franchise

fr de 2

Инфо: Основана во 1988-ма година во Хамбург, Германија.

Повеќе од 25 години Joey’s Pizza им доставува на своите клиенти тазе пици, паста и друга храна/

Joey’s Pizza со текот на годините порасна во силен бренд на растечкиот пазар на нудење на прехрамбени услуги и кетеринг. Франшизниот систем има повеќе од 70 експерти кои континуирано го развиваат системот и ги поддржуваат франшизните парнери.

Денеска постојат околу 130 независни франшизни партнери во Германија.

1. Clever fit

fr de 1

Инфо: Основана во 2007-ма година во Минхен, Германија.

Со преку 220 локации, Clever fit претставува најголемиот ланец на фитнес студија во Германија. Оваа франшиза работи под слоганот „Најдоброто за тебе“ и се држи до стандардот на висок квалитет.

На своите франшизни партнери им помагаат континуирано професионално советување, и ги водат низ целиот проект од бизнис концептот до управување на центарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП