23 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГигантот од Купертино подготвува своја виртуелна мобилна мрежа

Гигантот од Купертино подготвува своја виртуелна мобилна мрежа

apple brand

„Apple“ има планови да направи своја виртуелна мобилна мрежа. Компанијата веќе почна да преговара со мобилни оператори во САД и Европа, за да ги користи нивните мрежи за својата услуга, соопштува интернет изданието „BuisnessInsider“, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

Целта на „Apple“ е да нуди комплетна мобилна услуга на корисниците. Тие ќе купуваат „iPhone“ уреди и ќе можат да плаќаат директно на „Apple“ и за мобилните услуги. Додадена предност за корисниците е дека виртуелната мрежа на „Apple“ ќе ја користи опремата на различни телекоми и автоматски ќе ја избира најдобрата покриеност и квалитет на сигналот во секој момент.

За корисниците нема да има разлика во цените или услугата. Сето ова го превзема „Apple“, без разлика чија мрежа се користи од страна на клиентот во даден момент. Идејата на „Apple“ е дури да има конкуренција меѓу телекомите, кои ќе треба да понудат подобри цени, за да бидат избрани наместо нивните конкуренти. За корисниците, пак, значи и практично крај на роамингот, откако „Apple“ ќе има договор со релевантниот телеком.

Засега услугата е во фаза на тестирање. „Apple“ дури не е сигурна дали ќе има смисла да се нуди таква услуга, а тестовите треба да го проверат и тоа, а не само техничкиот дел. Во оваа фаза се чини дека ако „Apple“ всушност се одлучи да нуди виртуелна мобилна мрежа, тоа ќе се случи најрано за околу пет години.

За самите телеокоми тоа не е изненадување, а изворите на весникот наведуваат дека плановите на „Apple“ се јавна тајна во круговите. Самата компанија не ја коментираше информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП