18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHennessey го продава најбрзиот автомобил во светот (фото)

Hennessey го продава најбрзиот автомобил во светот (фото)

rek henesi

Американската компанија „Hennessey“ најави дека ќе го продаде единствениот примерок на суперавтомобилот „Venom GT“, кој во 2013-та година постави светски рекорд за забрзување од 0 до 300 км/ч. Возилото запиша време од 13,63 секунди и беше запишано во Гинисовата книга на рекорди.

Освен тоа, во февруари 2014-та година истиот тој автомобил постави и рекордна брзина меѓу сериските машини. На тркачката патека на вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал овој „Venom GT“ успеа да развие 435,3 км/ч. Тоа е за речиси 4 километри повеќе од светскиот рекорд на „Bugatti Veyron Super Sport“ од 2010-та година.

rek henesi1

Постигнувањето сепак не беше запишано во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи според правилникот возилото треба да вози во двете насоки на патеката и потоа набљудувачите да ја фиксираат просечната брзина. Раководството на вселенскиот центар сепак забрани на автомобилот на „Hennessey“ да помине и во спротивна насока по тркачката патека за полетување.

Самиот автомобил е изграден на изменета шасија на „Lotus Elise“, а е опремен со 7,0-литарски твин-турбо „V8“ мотор со моќност од 1244 КС. Од возилото се произведени само 29 примероци, а нивните цени стартуваат од 1,2 милиони долари.

rek henesi2

Засега од компанијата ја држат во тајност цената на светскиот рекордер. Официјално беше соопштено дека таа ќе биде откриена само при побарување од страна на сериозни клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП