21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛиста на највисоко оценетите „стартапи“ во светот

Листа на највисоко оценетите „стартапи“ во светот

uberce 3

„Uber“, петгодишната технолошка американска компанија, која ги поврзува возачите на автомобили со корисниците, повторно стана највисоко оценетиот „стартап“ во светот.

По последната рунда на финансирање, сега компанијата се проценува на 50 милијарди долари, пишува во својата анализа „Statista“. Меѓу познатите инвеститори се „Microsoft IT“ и индиската медиумска група „Bennett Coleman & Co“.

„Wall Street Journal“ истакна дека „Uber“ привлекла 5 милијарди долари од вкупното финансирање до денес, без да е јавна компанија – ниво што беше постигнато од социјалната мрежа „Facebook“, пред да котираат на „NASDAQ“. Според медиумот, година пред да стане јавна компанија, „Facebook“ исто така беше проценет на 50 милијарди долари – во почетокот на 2011-та година.

Следните компании во ова рангирање се кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ (46 милијарди долари) и „Airbnb“ (25,5 милијарди долари).

Неодамна„ Wall Street Journal“ објави листа на 108 т.н. „Unicorns“, компании кои се проценети од фондовите за вложување на капитал на над 1 милијарда долари. Повеќето од нив се базирани во САД (72) или Азија. Само девет се европските компании.

uberce 4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП