7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini го подготвува HyperVeloce

Lamborghini го подготвува HyperVeloce

brzi 300

Компанијата „Lamborghini“ подготвува врвен автомобил, со кој ќе учествува на годишниот конкурс за елеганција во Пебјел Бич (Калифорнија). Саемот се одржува во средината на август, а на него Италијанците ќе го покажат својот „HyperVeloce“ (во превод супербрз), пишува весникот „Motor Trend“.

Според информациите моделот ќе биде изграден врз основа на „Aventador LP750-4 SuperVeloce“, а ќе се потпира на истиот 6,5-литарски V12 атмосферски мотор. Неговата моќ ќе биде зголемена од 750 на 800 КС.

Засега останатите технички карактеристики на автомобилот остануваат тајна, но се знае дека тој ќе излезе во серија од 20 примероци – 10 купе и 10 кабрио. Цената на секој примерок од „HyperVeloce“ ќе надминува 2 милиони долари.

„Lamborghini Aventador LP750-4 SuperVeloce“ беше претставен на автосалонот во Женева во март. Благодарение на употребата на алуминиум во каросеријата, таа беше за 50 килограми полесна од стандардниот „Aventador“. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,8 секунди, а максималната брзина е 350 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП