1 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche бележи рекордни резултати

Porsche бележи рекордни резултати

poki 330

Компанијата „Porsche“ забележа рекордни резултати во првите шест месеци од годината. Во споредба со истиот период од 2014-та година, Германците ја зголемија продажбата за 30%, така што испорачале 113.984 нови возила, соопштува „Automotive News“.

Благодарение на тоа, вкупниот промет на производителот достигна 10,8 милијарди евра. Чистата добивка на компанијата е 1,7 милијарди евра, што значи зголемување за 21%. Тоа помогна и за зголемување од 10% на бројот на вработени на „Porsche“, чија бројка веќе достигна 23.477 лица.

„Овие резултати се факт, благодарение на балансираната спектар на модели кој го нудиме, како и на одличната побарувачка на нашиот нов кросовер „Macan“, најмногу на кинескиот пазар. Сега нашата цел е на крајот на годината да постигнеме зголемување за 15% на вкупниот промет во споредба со минатата година“, изјави шефот на „Porsche“, Матијас Милер.

Од компанијата додаваат дека одличната презентација се должи и на најдобрата продажба во САД. Само во јули на локалниот пазар се реализирани 4.730 единици од моделите „Porsche 918 Spyder“, „911, Boxster/Cayman“, „Macan“, „Cayenne“ и „Panamera“, што е зголемување за 11% во споредба со јули минатата година.

Вкупно од почетокот на годината во САД се продадени 29.868 примероци, што е најдобар резултат на брендот во последните 10 години. Освен тоа само за јули се направени нарачки за уште 1256 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП