21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗВо 2018-та година McLaren ќе го замени моделот 650S

Во 2018-та година McLaren ќе го замени моделот 650S

650s zamena 33

„McLaren“ минатата година го претстави моделот „650S“, што значи дека до 2018-та тој ќе наполни четири години, а пак платформата „12C“ на која во голема мера е базиран, ќе биде стара седум години. Од наведеното, не е изненадување што во Вокинг се подготвуваат за лансирање на нов модел.

Наследникот на „McLaren 650S“ ќе пристигне во 2018-та година. Се очекува дека ќе биде базиран на истата архитектура од јаглеродни влакна, а и натаму ќе го користи 3,8 литарски „twin-turbo V8“ мотор, кој има голема примена во моделите на британската марка. Се шпекулира дека Френк Стивенсон и неговиот тим работат на новито дизајн кој во целост ќе отстапи од правецот кој го карактеризира „P1“ (моделот од „ултимативната серија“), „650S“ (моделот од „суперсеријата“) и „570S“ (моделот од „спортската серија“). Новиот модел ќе биде најава за дизајнот на идните модели на „McLaren“.

Се очекуваат повеќе 650 ks во моделот „650S“. Кога ќе пристигне, новиот модел од Вокинг ќе има жестока конкуренција од страна на моќните автомобили „Ferrari 488 GTB“ и „Lamborghini Huracan“, кои располагаат со 670 и 610 „коња“. Oстанува да се види, дали новата „супер-серија“ ќе има и хибриден погон, како што тоа е случај со „P1“.

„Spider“ модел со тврд покрив ќе пристигне малку подоцна. Моделот со интерен код „P14“, би можел конечно да ја разоткрие мистеријата, за што „McLaren“ ја чуваше ознаката: „P11“ e „12C“ („P11M“ e „650S“), a „P15“ ќе биде модел за кој се вели дека ќе биде позициониран помеѓу „650S“ и „P1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП