18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебар: Околу 5.000 печалбари на одмор во родниот крај

Дебар: Околу 5.000 печалбари на одмор во родниот крај

debar 33

Во најзападниот регион на Македонија односно во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше престојуваат околу 5.000 печалбари и иселеници кои годишните одмори ги минуваат во родниот крај.

Станува збор за иселеници кои живеат во САД, но и печалбари кои се на работа во земјите на ЕУ.

Во споредба со минатите лета, според сопствениците на менувачниците годинава многу е поголем приливот на долари во споредба со еврата, што од нивна страна се толкува како опаѓање на моќта на печалбарите кои се на работа во Италија, и другите Европски земји.

Деновиве поради високите температури, полни се и селата во Мала Река, каде што престојуваат голем број на поранешни жители на селата Гари, Лазарополе, Осој, Росоки и тн., кои масовно ги обновуваат своите куќи во овој дел на Река и покрај тоа што живеат во Скопје или другите градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП