12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе го користи Siri како секретарка

Apple ќе го користи Siri како секретарка

siri kompjuteri

Гласовниот асистент „Siri“ на „Apple“ може да се претвори во секретарка на корисниците. „Apple“ ја тестира новата функција преку која „Siri“ ќе може да ги извлече гласовните пораки и да ги претвора во текст.

Идејата е сосема едноставна. Корисникот остава говорна порака како и обично, на која не добива одговор. „Siri“ автоматски ќе ја забележи пораката и ќе ја испрати на примачот во подготвена текстуалната верзија, соопштува интернет изданието „BusinessInsider“.

Услугата е предвидена да стартува веќе следната година. „Apple“ забележала дека корисниците често преферираат да ги користат гласовните пораки, отколку да пишуваат текст, бидејќи е брзо и лесно. Но, исто така, се покажа дека корисниците не сакаат да ги слушаат гласовните пораки, затоа пак е полесно и побрзо едноставно да прочитаат краток текст. Исто така постарите корисници преферираат говорните пораки, а помладите – текстуалните.

„Apple“ се надева дека новата услуга да биде „мост“ меѓу овие отстапувања. Услугата ќе се нарекува „iCloud Voicemail“ и ќе биде бесплатна и дел од „Siri“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП