6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Новости“: Србија лежи на злато вредно 18 милијарди долари

„Новости“: Србија лежи на злато вредно 18 милијарди долари

gold

Американската рударска компанија ‘Freeport-McMoRan’ и нивните партнери од Канада ‘Reservoir Minerals’, во близина на Бор во Србија го откриле можеби најбогатото наоѓалиште на злато и бакар на планетата“, пишуваат српски „Новости“.

Имено, испитувањата на длабочина од 558 метра во подрачјето наречено Чукару пеки, покажале содржина од дури 25,7% бакар и 50,3 грама злато на тон руда.. Во моментот најбогатото наоѓалиште на светот, рудникот Холистер во САД, има содржина од 27,20 грама злато по тон руда.

Американската рударска компанија во околината на Бор открила дури 65 милиони тони руда со просечна содржина на бакар од 2,6% и 1,5 грама злато по тон.

Во една поплитка бушотина на 179 метри е пронајден слој дебел 84 метри во кој се наоѓа содржина со 10,75% бакар и 10,86 грама злато по тон руда. Во вториот слој руда дебел 46 метри е пронајден уште побогат депозит од 15,8% бакар и 16,77 грама злато на тон.

За колку вредно откритие станува збор говори и фактот што наоѓалиштата со еден процент бакар се сметаат за исклучително профитабилни.

Според цените на рудата на Лондонската берза на метали, се чини дека Американците и Канаѓаните наишле на богатство вредно вртоглави 18 милијарди долари.

„Резултатите на природните минерални ресурси во Бор се исклучително откритие што може во целост да ја промени тешката ситуација во комплетната рударска индустрија во Србија. Доколку истражувачите навистина откриле 25, 7 отсто бакар и 50,3 грама злато во тон руда, овие резултати се фасцинантни“, заклучува Љубинко Савиќ, стручен советник на Здружението за енергетика на Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП