19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста и инфлацијата во еврозоната мируваат

Невработеноста и инфлацијата во еврозоната мируваат

evrozonata559

Невработеноста и инфлацијата во 19-те земји на европската монетарна унија во јуни мируваа, покажаа вчера податоците на Европскиот завод за статистика, Еуростат.

Стапката на невработеност минатиот месец беше стабилна на 11,1 проценти трет последователен месец, наведува Еуростат, пренесува агенцијата АП.

Инфлацијата истовремено мирувала на 0,2 проценти на годишно ниво, задржувајќи се на истото ниво на кое беше и во претходниот месец. Стагнатацијата на невработеноста и инфлацијата укажува на продолжување на скромното закрепнување на еврозоната, наведува Еуростат.

Меѓу земјите од еврозоната, најголема стапка на невработеност е забележана во Грција, 25,6 проценти, а најниска во Германија 4,7 проценти. Грција исто така има и највисока стапка на невработеност кај младите од дури 53,2 проценти, според податоците од април, кој е последниот месец за кој е достапна статистика.

Просечната невработеност меѓу популацијата помлада од 25 години во еврозоната благо пораснала во јуни на 22,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП