КОМПАНИИ

Нето кварталната добивка на Siemens отстапи минимално

Siemens

Германскиот индустриски конгломерат „Siemens AG“ објави благ пад во профитот за третиот квартал на финансиската 2015-та година, ставен под притисок од слабиот раст во енергетската и гасна поделба, како последица на ниските цени на нафтата.

Нето добивката на компанијата за тримесечниот период, заклучно со 30-ти јуни достигна 1,36 милијарди евра во споредба со 1,37 милијарди евра за истиот период минатата година. Резултатот ги надмина предвидувањата на аналитичарите од „The ​​Wall Street Journal“, кои очекуваа нето добивка во износ од 1,03 милијарди евра.

Приходите на компанијата пораснаа за 8%, за да достигнат 18,84 милијарди евра, како резултат на силниот раст во единиците за здравство и градежништво на „Siemens“. Бројот на нови нарачки на компанијата се зголеми за 4%, помогнат од долгорочните набавки на возови во вредност од 1,6 милијарди евра.

„Siemens“ најави маргина на индустрискиот профит од 9,5% за кварталот, што е пад од постигнатите 10,1% за истиот период од минатата година. Причината за повлекувањето е падот на добивката во енергетскиот и гасниот бизнис, кој сепак делумно беше проследен од зголемувањето на профитабилноста во единицата за здравствени услуга. Аналитичарите очекуваа маргина од 9,2%.

Компанијата ги потврди очекувањата за финансиската 2015-та година, велејќи дека се уште се надева да постигне маргина на индустриската добивка помеѓу 10% и 11%. „Siemens“ исто така очекува основната нето добивка по акција за годината да е со раст од најмалку 15%  во однос на 6,37 евра во 2014-та година, додека приходите треба да останат до поголемиот степен без измена.