5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Албанија – Србија во Елбасан

ЕУРО 2016: Албанија – Србија во Елбасан

албанија-србија5445

Квалификацискиот натпревар од ЕУРО 2016 меѓу фудбалските селекции на Албанија и Србија, ќе се одигра во Елбасан а не во Скадар, како што првично беше најавено, соопшти во средата Албанската фудбалска федерација.

Албанците долгоочекуваниот меч со Србите, кој е прогласен за натпревар со максимален безбедносен ризик, планираа да го играат на реновираниот стадион во Скадар, меѓутоа УЕФА не дозволи, поради доцнењето на работи стадионот „Лоро Боричи“ во кој се вложени 12 милиони евра.

Така, дуелот меѓу Албанија и Србија ќе се одигра на 8-ми октомври на стадионот „Елбасан арена“ чиј капацитет е 12.800 гледачи.

Од натпреварувачки аспект, Албанија со победа против Србија ќе остане во игра за историскиот пласман на европско фудбалско првенство, додека Србија по казната со одземање на три бода и поразот од Данска во минатото коло остана без шанси.

Првиот дуел на двете репрезентации ланскиот октомври во Белград беше прекинат откако албанските навивачи пуштија дрон над стадионот со знамето на Голема Албанија, што предизвика бркотница на теренот меѓу играчите, на кој влегоа и домашни навивачи, поради што со одлука на Судот за спортска арбитража победата ѝ беше доделена на Албанија, иако до моментот на прекинот на мечот немаше погодоци и на двете страни.

Според најавите, на натпреварот во Елбасан ќе присуствуваат премиерите на двете држави, Еди Рама односно Александар Вучиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП