26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot Citroen оствари прва добивка по четири години

Peugeot Citroen оствари прва добивка по четири години

cp 33

Peugeot Citroen во првото полугодие оствари чиста добивка од 571 милион евра, што е прва добивка на француската автомобилска компанија за последните четири години.

Во истиот период лани, Peugeot Citroen работеше со загуба од 114 милиони евра.

Според деловниот извештај на компанијата објавен денеска, приходите на Peugeot Citroen, пораснаа во првите шест месеци од годината за 6,9 отсто во однос на истиот период лани, на 28,9 милијади евра.

Подобрувањето на деловните резултати на Peugeot Citoren се должи на послабиот курс на еврото, поради што растат приходите на европските компании од странските пазари и намалување на трошоците од работењето поради падот на цената на сировините, рече финансискиот директор на компанијата.

Тој сепак предупреди дека деловните услови би можеле да се влошат, пред се поради слабеење на кинескиот пазар, на кој Peugeot Citroen, според новите проценки, оваа година го очекува раст на продажбата за само 3 отсто.

Благодарение на подобрите од очекувани деловни резултати, изутрината на европските берзи цената на акцијата на Peugeot скокна за над 5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП