26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Barclays скокна за 25%

Профитот на Barclays скокна за 25%

bar 3

„Barclays PLC“ корегираше својата цел за исплата на дивиденда како дел од новите напори на Извршниот претседател Џон Макфрлејн да ја преструктурира британска банка која е под притисок, пренесува „MarketWatch“.

Овој чекор доаѓа откако компанијата забележа нагло зголемување на нето добивката за вториот квартал до 1,61 милијарди фунти од 1,15 милијарди фунти за истиот период од минатата година.

Според зборовите на Макфрлејн, „Barclays“ ќе ги зајакне своите планови да се раздели со неуспешните средства. Во моментов, сепак банката нема да врши големи промени во инвестициската единица од која извршниот претседател е „лично задоволен“.

Приходите за вториот квартал на инвестициската единица на „Barclays“ останаа без промена или 2,15 милијарди фунти, но пониските трошоци за реструктуирање го испратија нагоре за 35% профит пред оданочување.

Извршниот претседател Џон Макфрлејн посочи дека банката ќе ја задржи дивидендата од 6,5 пени по акција за оваа година. Според него доверителот „ќе се стреми да одржува одржлива и прогресивна дивидентна политика“.

Стратешките планови, кои беа објавени, ги обележаа трите години на транзиција во „Barclays“ по ерата на висок поврат од инвестициската банка, која беше прекината од зголемувањето на капиталните барања и заминувањето на поранешниот извршен директор Боб Дајмонд.

Акциите на берзата во Лондон со вредност на „Barclays“ се зголемија во цената за 2,20% во текот денешниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП