27 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид со раст на консолидиран извоз од 15 отсто и 56 нови...

Алкалоид со раст на консолидиран извоз од 15 отсто и 56 нови вработувања во првото полугодие од 2015-та

alkaloid0911

Македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015-та година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех, покажуваат податоците кои денеска беа објавени.

Во периодот од јануари до јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата 2014-та година.

Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15 проценти. Зголемување од 9 отсто е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот биланс на успех, се наведува во извештајот на „Алкалоид“.

Според единечниот биланс на успех, пак, во споменатиот шестмесечен период од 2015-та година, продажбите достигнале 3.068 милиони денари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7 процнети, додека нето добивката е зголемена за 3 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства во првото полугодие од годинава изнесуваат 422.120 илјади денари.

Во истиот период, во „Алкалоид“ се реализирани 56 нови вработувања во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар