6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтернетот ќе има приоритет во рекламирањето

Интернетот ќе има приоритет во рекламирањето

Hand pointing at an Internet Marketing word cloud on blue background.

Интернетот до 2016-та година, како што се очекува, на сите домашни пазари ќе ја надмине телевизијата и ќе стане најголема платформа за рекламирање, предвидува компанијата „Warc“, која се занимава со адвертајзинг.

Интернетот веќе е најголема платформа за рекламирање на 6 од 12-те најголеми пазари: Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија и Велика Британија.

Се очекува трошоците за рекламирање на Интернет да пораснат за 15,6 oтсто, oдносно да изнесуваат 135,9 милијарди долари во оваа година, т.е. 12,7 проценти во 2016-та и тогаш да изнесуваат 153,1 милијарди долари.

Компанијата „Warc“ сепак ги намали предвидувањата на растот на вкупните глобални рекламни трошоци за 2015-та година, од 2,5 нa 2,3 процентни поени.

Кога станува збор за рекламирањето на ТВ, се очекува пад од 0,9 oтсто зa 2015-та (износ од 144,9 милијарди долари, додека во наредната година ќе биде забележан раст од 3,1 проценти).

До тогаш, рекламните трошоци за телевизија на 12-те клучни пазари ќе изнесува 149,4 милијарди, односно 3,7 милијарди долари помалку отколку на Интернет.

Од „Warc“ предвидуваат дека трошоците од рекламирањето во весниците ќе забележи пад од 5,8 oтсто во 2016-та година, а во магазините за 7,4 проценти.

Иако телевизијата во наредните години ќе продолжи да остварува големи приходи од реклами, тоа што го нуди интернетот ќе биде уште поатрактивно за пазарите, вели Џејмс МекДоналд, аналитичар од „Warc“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП