26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо македонски дизајн и занает до нови работни места

Со македонски дизајн и занает до нови работни места

zanaeti 333

Од денеска во просториите на Центарот за вработување на град Скопје ќе се потпише договорот за избрана мерка за вработување во Скопје која ќе се спроведува во рамките на Твининг проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“.

Твининг проектот го финансира развојот и спроведувањето на активни мерки на пазарот на труд во четири региони во земјата – Битола, Куманово, Тетово и Скопје; секоја мерка добива финансиска поддршка во износ до 10.000 евра.

Мерките имаат за цел да ги подготват локалните административни служби и социјалните партнери за предизвиците поврзани со членството во ЕУ, да ги активираат социјалните партнери во регионите да се ангажираат и да соработуваат во поглед на развивање регионални активни мерки на пазарот на трудот и да им дадат можност на локалните партнери да дефинираат и самите да одлучат кој е најефикасен и најважен проект за регионот според нивните локални потреби, искуство и знаење.

Општата цел кон која ќе придонесе избраната мерка во Скопје е намалување на невработеноста, особено кај невработените жени.

Специфичната цел е зајакнување на вработливоста на учесниците во пилот мерката, како и зголемување на мотивираноста за претприемништво и/или самовработување.

Во 33 отсто од вкупниот број на активни претпријатија се јавуваат жените како сопственици и вработуваат 10,5 отсто од вкупниот број на вработени. Трендот покажува опаѓање на бројот на субјекти во сопственост на жени. Делот кој подразбира домашно ракотворење и уметничко занетчиство е важен дел за унапредување на локалниот економски развој, можност за сопствен бизнис, но и дел од креирање на туристичка понуда на производи за развој на туризмот во овој регион и во земјата воопшто.

Проектот ќе даде особен придонес кон комбинирање на македонскиот дизајн, занаетчиското знаење и претприемништвото, со што ќе може да бидат создадени нови работни места.

Обуките ќе се изведат во текот на три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП