28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗои, вашиот дигитален асистент со емоции

Зои, вашиот дигитален асистент со емоции

zoe

Дали некогаш ве мрзело да ги читате долгите СМС пораки? Доколку овој одговор е потврден во иднина ќе има решение и за вас!

Имено, истражувачи од Универзитетот Кембриџ го открија својот проект под името Зои –  дигитална глава која реалистично ги изразува човечките емоции.

Зои би требало да ги чита наглас пораките кои ќе ги добиете, наместо вас.

За било која реченица, Зои има цела скала на емоции, а се очекува еден ден овој аватар да го прочита секој текст од вашиот паметен телефон.

Исто така научниците се надеваат дека ќе успеат да ја интегрираат технологијата која ќе овозможи сликата на вашата глава да биде таа која ќе ги чита посакуваните текстови.

Ова може да биде првиот чекор кон новата ера – „face-messaging“, како ја нарекуваат стручњаците од Кембриџ.

Постојат многу компании кои работат на природната комуникација меѓу луѓето и компјутерите.

Најпозната е програмата на „Apple“, личниот асистент „Siri“, која може да разбере нормален јазик и повремено да одоговри, а притоа да каже и некоја шега.

Компјутерот на „IBM“- „Watson“ исто така брзо учи, а се шпекулира дека тој би можел наскоро да се најде и на паметните телефони.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП