22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТелеком Австрија заинтересиран за Телеком Србија

Телеком Австрија заинтересиран за Телеком Србија

telekom srbija 333

Телеком Австрија е заинтересиран за купување на Телеком Србија, чија приватизација деновиве ја објавија српските власти, пишува виенскиот економски весник „Виртшафтсблат”.

Весникот наведува дека Телеком Австрија веќе предала писмо за намери, но од компанијата не сакаа да ја потврдат оваа вест, пренесе Танјуг.

„Виртшафтсблат” потсетува дека вредноста на Телеком Србија во 2011-та година била проценета на 2,2 милијарди евра, а австриската компанија тогаш понудила 1,1 милијарди евра за удел од 51 отсто, додека српската влада барала 1,4 милијарди евра.

Телеком Австрија веќе е активна во Србија и во случај да го купи Телеком Србија би морала да го продаде операторот Вип.

Телеком Србија е активна и надвор од државата, со тоа што е мнозински сопственик на Телеком Српска, а заедно со таа компанија е сопственик и на црногорски Мтел.

Со купувањето на Телеком Србија на австриската компанија би и се отвориле пазарите во БиХ и во Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП