19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИPfizer ја зголеми годишната прогноза по изненадувачки добрите резултати

Pfizer ја зголеми годишната прогноза по изненадувачки добрите резултати

pfinzer 33

Американската фармацевтска компанија „Pfizer Inc.“ објави дека ја зголемува годишна прогноза, откако нејзините нови лекови продолжиле да го стимулираат растот во вториот квартал.

Pfizer“ објави дека очекува добивката да биде помеѓу 2,01 и 2,07 долари по акција, а претходната прогноза беше за профит меѓу 1,95 и 2,05 долари по акција. Компанијата ја подигна и долната граница на очекуваните приходи за 1 милијарда долари, па сега се предвидува приходите да бидат меѓу 45 и 46 милијарди долари.

По веста акциите пред отворањето на пазарот поскапеа за 1%.

„Pfizer“ се обидува да се справи со бранот на патенти кои се појавија во јавноста и со кој натежнува врз продажбата. Силниот долар исто така се одразува негативно врз резултатите. Компанијата склучува партнерства за развој и бара можности за нови зделки во позадина на силниот период на спојувања и превземања во фармацевтскиот сектор.

Во февруари „Pfizer“ се согласи да го купи „Hospira Inc.“, производител на лекови за инјектирање и технологии за инфузија на лекови, за околу 16 милијарди долари.

„Pfizer“ објави профит за вториот квартал од 2,63 милијарди долари, или 42 центи по акција, со што забележа пад во однос на истиот период минатата година, кога добивката беше 2,91 милијарди долари, или 45 центи по акција. Без специјалните ефекти добивката по акција е 56 центи. Приходите забележуваат пад од 7% до 11,9 милијарди долари.

Аналитичарите анкетирани од Thomson Reuters, прогнозираа добивка од 52 центи по акција и приходи од 11,42 милијарди долари.

Приходите од постарите производи на компанијата се намалија за 22% во текот на кварталот, но оние од новите производи се зголемиле за 8%, а растот на приходите од вакцини на светско ниво достигна 44%.

Растот на „Pfizer“ делумно се должи на презентацијата во САД на новиот лек „Ibrance“ за лекување на ракот на дојка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП